Ал Хилал ја насочи главната цел за следниот преоден рок, а тоа е капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Фернандеш е несомнено најдобриот играч на Манчестер Јунајтед оваа сезона и големо прашање е дали „црвените ѓаволи“ ќе стигнеа до финалето на Лига Европа да не беше тој. Тој претставува вистински лидер на теренот и би било вистинска штета Јунајтед да го загуби. И покрај тоа, Ал Хилал покажа интерес, и тоа голем, а се знае што нудат ...

Бруно Фернандеш е капитен на Манчестер јунајтед, и еден од најдобрите фудбалери на „ѓаволите“ но лесно може да се случи Португалецот да го напушти Олд Трафорд. Делегација на Ал Хилал пристигнала во Манчестер на средба со агентите на фудбалерот од средниот ред. Арапите нема да штедат пари, па го известиле Бруно Фернандеш да си каже каква плата бара и тие без проблем ќе му ги исполнат сите финансиски барања. Доколку успеат да пронајдат заеднички ...