По опскурниот „документарен“ филм со кој беше таргетиран претседателот на Асоцијацијата на независни електронски медиуми (АНЕМ), Веран Матиќ, прорежимската организација од Нови Сад, „Центар за општествена стабилност“, објави список со повеќе од 40 имиња, меѓу кои најмногу се новинари од независни медиуми. Според оние што се најдоа на оваа, како што ја нарекуваат, „листа за отстрел“, зад целата акција без сомнение стои режимот, пишува „Нова“. ...

Листа за отстрел на новинари се појави во Србија, откако организација од Нови Сад „Центар за општествена стабилност“ на Инстаграм објави список со вкупно 45 имиња, претежно новинари од независни медиуми, најавувајќи „продолжение“ на кампања против критичари на власта. Објавата доаѓа по, како што пишува Н1, „опскурен документарен филм“ со кој бил таргетиран Веран Матиќ, претседател на АНЕМ, а новинарите што се нашле на списокот ја толкуваат ...