Новак Ѓоковиќ со 3-0 го победи Камерон Нори во осминафиналето на Роланд Гарос, но само неколку моменти пред почетокот на мечот се случи вистински делириум на трибините во Париз. На теренот се појави фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, и тоа со трофејот од Лигата на шампионите. Првиот трофеј од Лигата на шампионите за Светците ги крена гледачите на нозе, а меѓу нив беше и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи. Ousmane Dembélé ovationné par le ...

Новак Ѓоковиќ лесно дојде до пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос, со оглед на тоа дека за противници имаше тенисери кои не се ни во топ-50 на светската ранг-листа. Првиот вистински предизвик ќе му биде мечот против Александер Зверев, кој во моментов е подоброрангиран од него, а Германецот беше на трибините на мечот на Ѓоковиќ против Нори. Зверев објави фотографија со трофејот од Лигата на шампионите, кој беше изложен на теренот на којшто ...