На повици за обединување, а не на поделби повикаа денеска лидерите на владејачките и опозициските партии по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката како и 81 година од Првото заседание на АСНОМ. Премиерот Христијан Мицкоски положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред зградата на Собранието, пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“, како и на споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“. ...

Крива Паланка, 2 август 2025 (МИА) - Во Крива Паланка со свеченост во организација на општината и ЛУ Градски музеј беше одбележан големиот државен празник Илинден. Делегација од локалната самоуправа предводена од градоначалникот Сашко Митовски, делегации од Советот на Општина Крива Паланка, од локалните и националните институции, граѓански здруженија и партии положија цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ пред зградата на општината и ...