Повеќе од 2.300 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што денеска ја погодија југоисточна Турција. И тоа е досегашниот биланс, а се стравува дека во урнатините се затрупани уште многу луѓе. Турција околу 4 часот беше погодена од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а веднаш по 11 часот следеше уште еден 7,1 степени според Рихтеровата скала. Многумина останаа без роднини, пријатели, куќи, но се чини дека никој не го ...
Сириски бегалец загуби 25 роднини во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија. Неговото семејство го напуштило родниот град пред земјотресот за да избега од војната и да најде безбедно засолниште. Амхад Идрис вчера ја посети мртовечницата и ги виде телата на членовите на неговото семејство. „Срцето ми се кине. Не мислев дека вакво нешто може да се случи“, вели држејќи го за рака својот починат внук. Идрис и неговото семејство ...