Првото полуфинале во мак-баскетот го играат екипите на МЗТ Скопје и Куманово, а веќе се познати саатниците додека се чека втората полуфинална двојка. Двата тима ќе играат натпревари на секои четири дена. Серијата започнува на 9 мај во петок, во СЦ „Јане Сандански“, а во истата сала се игра и дуел на 13 мај во вторник. Куманово ќе биде домаќин на 17 мај на мечот број три кој може да го даде и финалистот. Ако гостите успеат да добијат еден дуел ...

МЗТ Скопје Аеродром убедливо со 81:64 го победи Куманово, во првиот меч од полуфиналната пресметка од кошаркарскиот плејоф. Уште од самиот старт аеродромци покажаа дека нема да му дадат никаква шанса на Куманово да се понадева дека може да изненади. МЗТ го отвори мечот со 12:2, а потоа водеше и со 26:10 во првата четвртина. Моќната игра на шампионот продолжи и во втората четвртина. Во 15 минута, резултатот беше 40:21, а на полувреме домаќинот ...