Компанија поврзана со Иванка Трамп и со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер почна со реализација на еден од најголемите туристички проекти во Албанија. Но, отворањето на градилиштето не поминало мирно. Видеоснимките објавени на социјалните мрежи покажуваат турканици и физички пресметки меѓу демонстрантите и обезбедувањето. На едно од видеата се гледа како демонстрант е одвлечен од местото на настанот, додека полицијата не интервенира. Проектот го ...

Демонстранти во Албанија се судрија со приватно обезбедување на локација на која е планиран луксузен проект поврзан со Иванка Трамп и Џаред Кушнер, ќерката и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп. Граѓанските организации во Албанија предупредија дека американската инвестиција го загрозува екосистемот во заштитеното подрачје. Инцидентот се случил викендот во областа Звернец, во околината на Валона. Десетици лица се собраа на ...

„Ќе направев полошо од вас, ако ми кажеа дека таа земја ѝ припаѓа на државата и дека државата им ја дава на странци“. Вака изјави премиерот на Албанија во Парламентот за демонстрациите против проектот за хотелски комплекс на Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп во Албанија. Рама вели дека земјиштето на кое се гради е приватно дека не било доделено од државата, туку инвеститорот го купил од приватни сопственици. Според него, голем дел од ...

„Приватен остров“. Токму така Иванка Трамп го опиша албанскиот остров Сазан во подкастот на Дејвид Сена, каде што зборуваше за проектот што го развива нејзиниот сопруг Џаред Кушнер. Изјавата предизвика нови реакции во Албанија, каде што веќе неколку дена траат протести против изградбата на луксузен туристички комплекс вреден околу 1,5 милијарди долари. „Случајно го откривме“ Во разговорот, Иванка Трамп рекла дека таа и Кушнер „случајно го ...