Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C ќе продолжи до 26 јули 2025 година. Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжената изложеност на високи температури врз здравјето на ранливите категории на население, Владата, на предлог на Министерството за здравство усвои дополнителни препораки за работодавачите, кои ...
Уште еден пеколен ден со високи температури е пред нас. Од УХМР прогнозираат над 40 степени на повеќе места низ државата. Вака, според синоптичарите, ќе биде до недела, кога се очекува опаѓање на дневната температура и врнежи од дожд и грмежи. Поради топлотниот бран, од вчера има препораки за заштита на граѓаните. На работодавачите им се препорачува од денеска до сабота да ги ослободат од работа бремените жени и луѓето постари од 60 години, а се ...