И по смртта може да се спаси живот. Еден донор може да спаси осум човечки животи и да донесе надеж и среќа во исто толку семејства. Ова беа главните пораки од трибината за дарување органи на која надлежните упатија апел за зголемување на свесноста за овој хуман чин. Повеќе детали од колешаката Ања Лукарова која во овие вести разговара со националната координаторка за трансплантација. И по смртта може да се спаси живот. Еден донор може да ...
Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе даде изјава дали се согласува или не по неговата смрт да биде дарител на органи и ткива заради лекување, а таа изјава ќе се евидентира во листата во националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин. Законот предвидува и можност граѓанинот во секое време да ја промени својата одлука. Со овие измени, првпат државата ќе има ...

