Атлетико Мадрид максимално профитираше од големите грешки на Антонин Кински и го совлада Тотенхем со убедливи 5:2, со што дефинитивно е на чекор до ново четвртфинале во Лигата на шампионите. Шпанскиот тим ќе треба да ја одбрани предноста и на реваншот, но секое друго сценарио освен четвртфинале за Атлетико би значело историски подвиг на екипата која се наоѓа во многу тешка ситуација и најмногу размислува за опстанокот во Премиер лигата. ...

Хрватскиот тренер Игор Тудор одржа прес-конференција пред гостувањето на неговиот Тотенхем кај Ливерпул во недела. Лондонскиот клуб е во тешка борба за опстанок во Премиер лигата, а по четири последователни порази под водство на Тудор, неговата иднина е неизвесна. Тимот моментално има само еден бод над зоната за испаѓање. Тудор нема да може да смета на неколку важни играчи за натпреварот на „Енфилд“. Кристијан Ромеро и Жоао Палиња се надвор ...