Непосредно по инцидентот во Белата куќа кој се случи во петокот пред вклучените камери, за време на разговорот меѓу претседателот на Украина Владимир Зеленски и претседателот на САД Доналд Трамп, европските лидери изразија солидарност со Украина. Тие застанаа во одбрана на Зеленски, испраќајќи порака дека може да се надева на Европа. Меѓутоа, имаше и различни реакции. „Никој не сака мир повеќе од граѓаните на Украина“, напиша германскиот ...
Германија е во политички шок. На економски најсилната земја во Европа ѝ стана појасно од кога било досега дека геополитичката ситуација суштински се менува. Дека одамна се промени. Сега сите релевантни политичари во Германија се зафатени со трескавично барање одговори за промените кои се случуваат исклучително брзо. Во моментов тоа значи појасно позиционирање во однос на САД и на Русија. И дополнително вооружување. „САД се несигурни веќе долго ...
Целта на сојузниците на Украина треба да биде да обезбедат Киев да има силна армија кога војната ќе заврши за да може да се одбрани од каква било идна агресија, рече германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц по самитот во Лондон на кој присуствуваше. Препорачано „Основа за се ќе биде силна украинска армија“, рече тој карактеристично. Во врска со дискусиите во Ланкастер Хаус, Шолц го опиша како „скапоцено“, додавајќи дека тоа е можност за ...