Жоан Гарсија конечно доби награда за одличните изданија во дресот на Барселона и беше повикан во шпанската репрезентација за пријателските средби со Србија и Египет. Гарсија ќе има можност да го убеди селекторот Де Ла Фуенте дека заслужува да биде дел од тимот на Светското првенство со тоа што конкуренцијата е жестока и за тоа е свесен и поранешниот член на Еспањол. Токму тој за сонародникот Давид Раја смета дека е најдобар на светот на ...
Жоан Гарсија според многумина е еден до двајцата најдобри голмани во шпанската Ла Лига во друштво на Тибо Куртоа, но иако таквото мислење го дели добар дел од јавноста, очигледно таков став нема селекторот Луис Де Ла Фуенте. Шпанија не игра средби од натпреварувачки карактер во месец март и закажа две контролки како селекција која веќе обезбеди место на мундијалот, а во пресрет на мечот со Србија, селекторот мораше да направи очекуван рез. ...

