Речиси сите 288 одобрени проекти од првиот повик на Владата со пари од унгарскиот заем се реализираат по општините во земјава. Ова е огромна поддршка бидејќи руралните општини немаат пари за реализација на големи проекти кажа градоначалникот на Ново Село каде се гради пешачко рекреативна патека до Мокриево. Во Општина Василево од првиот повик на Владата одобрен и се гради канализација во општинскиот центар. Конечно се решава најголемиот проблем ...
Во тек се градежни активности за асфалтирање на локалниот пат до село Куратица, со вкупна површина од 6200 м2, должина од 1200 метри и ширина од 5 метри. Овој инфраструктурен проект, велат од Општина Охрид, се реализира со средства обезбедени преку Јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Министерството за локална самоуправа. Општина Охрид останува посветена на подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови ...