Со тоа дојде на чекор од првата шампионска титула откако франшизата премина од Сиетл во Оклахома и прва по 1979 година. Првата меч-топка ќе ја има во Индијанаполис каде домаќинот ќе се обиде да се избори седми натпревар и да си ги продолжи шансите за историски трофеј. Шеј Гилџес Александер ја заврши својата работа и постигна 31 поен и 10 асистенции, но остана во сенка на Џејлен Вилијамс кој ја истакна својата кандидатура за МВП на финалето. ...

Париз – Монако 2:0 во финалната серија во кошаркарскиот шампионат на Франција. Вечерва на свој терен, тимот на Париз со 92:67 просто го прегази составот на Монако. Јасно е дека уште еднаш македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше фантастичен, маестрален и кога игра така тогаш нема дилеми дека неговиот тим победув и тоа убедливо. Шортс вечерва запиша 28 поени, имаше 3 скокови и 5 асистенции и тоа само за 22 минути минати на паркетот. Со ...