По два дена голема неизвесност, денес стана познато дека Светислав Пешиќ останува без својот капитен до крајот на Евробаскетот, а тоа во принцип значи и непријатен удар за шампионските амбиции кои ги има српскиот тим. Богдановиќ со години наназад е еден од клучните играчи во српската репрезентација и неговото значење е огромен фактор на секој голем турнир, но по неполно одиграни два меча, Богдан сега мора да се збогува од овој турнир. ...
Капитенот на репрезентацијата на Србија, Богдан Богдановиќ, тргна кон Белград, откако поради повреда за него заврши Европското првенство. Богдановиќ како капитен го одржал последниот говор и од Рига тргнал кон главниот град на Србија. Бидејќи во овој термин нема редовни летови, бил обезбеден приватен лет, затоа што Богдановиќ мора набргу да се јави кај лекарите во Лос Анџелес, каде што го чекаат стручњаците од неговиот клуб, ЛА Клиперс, кои ќе ...