Има зголемен број пациенти кои побарале медицинска помош поради учество во гаснење на пожарите во и околу Скопје. Дел од нив се во интензивна нега, а дел се пуштени дома, но со предупредување – здравјето им е сериозно нарушено од вдишување токсични гасови. Проф. д-р Андон Чибишев во изјава за Телма апелира граѓаните да не користат мокри крпи и маици за заштита при изложеност на чад. „Затоа апелирам тие што учествуваат секоја чест, јас им се ...
Во изминатите три дена, 18 граѓани побарале медицинска помош поради вдишување на чад, а шест од нив биле задржани на болничко лекување, изјави д-р Андон Чибишев. „Од шестмината хоспитализирани, четворица денеска се пуштени дома. Двајца сè уште се задржани, бидејќи не се завршени сите клинички испитувања“, информира д-р Чибишев. Според него, меѓу хоспитализираните има пет професионалци – двајца полицајци, двајца пожарникари и еден возач на Итна ...