Повикувајќи се на сведоштвата на Палестинците од овој крајбрежен град, новинар од израелскиот телевизиски канал Н12 денес објави дека цената на изнајмување автомобил за транспорт на имот скокнала на 5.000 шекели, што е околу 1.260 евра. Други извештаи од градот Газа покажуваат дека изнајмено возило за возење приближно 30 километри до хуманитарната зона Ал Маваси чини помеѓу 3.000 и 6.000 шекели. Поголемиот дел од приближно двата милиони жители ...
Повеќе од 450.000 Палестинци досега се евакуирани од јужниот дел на Појасот Газа, изјави портпаролот на израелската војска (ИДФ), бригаден генерал Ефи Дефрин. Препорачано Дефрин на прес-конференција изјави дека проценките го покажуваат бројот на Палестинци во Газа на околу еден милион пред ИДФ да ја започне својата голема офанзива против Хамас, објави „Тајмс оф Израел“. Тој додаде дека повеќе од 1.200 терористички цели биле погодени од ...
Израел започна операција за преземање на контролата врз Газа, соопшти израелски воен функционер неколку часа откако американскиот државен секретар Марко Рубио му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Вашингтон е на страната на Израел при нивната средба во Ерусалим. Воениот функционер изјави дека армијата е подготвена да дејствува во Газа „колку што е потребно“ за да го победи Хамас, проценувајќи дека има илјадници терористи од ...
По повеќедневно бомбардирање, Израел ја започна својата копнена офанзива во градот Газа - и покрај сите предупредувања, вклучително и од сопствената армија. Се очекуваат жестоки борби со Хамас, кој многу западни држави го класифицираат како терористичка организација. Според палестински извори, само до вторникот наутро (16.09) биле убиени најмалку 35 лица. Но, офанзивата има и далекусежни политички и хуманитарни последици. Преглед на најважните ...