Неколку членови на Социјалдемократската партија (СПД) во Бундестагот бараат Владата да го суспендира извозот на германско оружје во Израел поради начинот на кој земјата ја спроведува својата воена операција во Појасот Газа. „Германското оружје не смее да се користи за ширење хуманитарни катастрофи и за кршење на меѓународното право“, изјави пратеникот на СПД, Адис Ахметовиќ, за магазинот Штерн. „Затоа бараме од владата на Нетанјаху подготвеност ...
Новиот германски министер за надворешни работи Јохан Вадефул остро ги критикуваше постапките на Израел во Појасот Газа, но не го поддржа ембаргото за оружје што го бара Шпанија поради драматичната хуманитарна ситуација на терен. „Никој не вели дека моменталната ситуација е прифатлива и дека може повеќе да се толерира. Дури ни Германија“, рече христијанскиот демократ на средбата со својот шпански колега Хозе Мануел Албарес во Мадрид. Шпанија е за ...