Рафаел Леао се врати на целосни тренинзи со Милан и ќе биде во комбинација за дербито против Наполи кое се игра на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Португалскиот офанзивец имаше проблеми со воспаление на препоните, но веќе тренира без ограничувања, што доаѓа во вистински момент за тимот на Масимилијано Алегри пред еден од најважните натпревари во сезоната. Сепак, неговото враќање не значи автоматски и место во стартниот состав. ...
Денеска во дербито на 31 коло од најсилното италијанско првенство фудбалерите на Наполи на домашен терен со 1:0 го совладаа Милан. Немаше погодоци во првото полувреме, а единствениот гол беше реализиран во 79 минута преку Матео Политано. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи за клубот од Неапол од 85 минута како замена за Кевин де Брујне. Играчите на тренерот Антонио Конте се на второто место со 65 бодови, седум помалку од ...

