Од Центарот за управување со кризи информираат дека поројните дождови предизвикале поплави во Кратово и Охрид. Според нив, во изминатото деноноќие ТППЕ Кратово со 2 пожарникара и 2 ПП возила имале техничка интервенција за испумпување вода од поплавен приватен магацински простор во близина на ЈП „Национални шуми“ – Кратово. Причина за поплавата е затната атмосферска канализација од пороен дожд. Преку Единствениот повикувачки број 112 за итни ...
РЦУК Охрид известува дека преку Единствениот повикувачки број 112 за итни случаи вчера е пријавена поплава во зграда на улицата „Карпош Војвода“. Во 21:27 часот синоќа, била добиена пријава од станари дека поради поројниот дожд и проблем со фекалната канализација се поплавил влез во зграда на ул.„Карпош Војвода“. За ова веднаш е известена ЈП „Нискоградба“ - Охрид и лице за контак од Кризниот штаб на Општина Охрид за понатамошна постапка, ...