Она што Македонија го прави сега како држава е за поздравување, бидејќи една земја кандидат всушност ја потсетува ЕУ дека треба да се врати на сопствените принципи и да го врати преговарачкиот процес во една нормална рамка според правилата што важеле за сите. Позитивно е и тоа што Македонија не чека некој друг да ѝ ги решава проблемите, туку покажува проактивност, бара разговори со бугарската страна, нуди решенија за излез од ќор-сокакот, со што ...
Апсурдните барања со кои се соочува Македонија повеќе од три децении се јасен показател дека Европа е таа што ги комплицира процесите дури и тогаш кога самата ги одредила правилата на игра, како што е исполнувањето на Копенхашките критериуми за кандидатите за членство, пишуава Сашо Таневски за „Нова Македонија“. Но кога ќе се разбудат вековните апетити на некои земји членки, истата таа Европска Унија наместо да ги неутрализира ваквите пројави, ...