Целите вклучуваат камп Арифџан и воздухопловната база Али Ал Салем во Кувајт, како и воздухопловната база Шеик Иса и Џуфер во Бахреин. Џуфер е дом на Активноста за поморска поддршка, главната база на американската морнарица во Персискиот Залив и дом на Петтата флота на САД. Револуционерната гарда соопшти дека нападите биле одговор на американските напади врз јужните крајбрежни провинции на Иран и два моста во источен Иран, објави IRIB. ...

Американската војска утрово изврши нови напади врз Иран со цел да го задржи отворен Ормускиот Теснец, што предизвика ирански напади врз Кувајт и врз Бахреин во најновата ескалација на конфликтот, објави „Ројтерс“. Најновата рунда напади, за кои САД велат дека биле одговор на нападот во вторникот врз три товарни бродови што минувале низ теснецот, следуваше неколку часа откако претседателот Доналд Трамп изјави дека верува оти привремениот ...

Иранската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека нападнала американски воени бази во Кувајт и Бахреин како одговор на најновиот бран американски напади, според соопштението објавено од иранската државна телевизија IRIB, пренесе CNN. Заеднички напад со дронови и ракети Морнарицата и воздухопловните сили на Револуционерната гарда соопштија дека извршиле заеднички напад со беспилотни летала и ракети врз американската инфраструктура и објекти. ...