Го оштетиле буџетот за над 90 милиони евра, а од државата нелегално наплатиле 37 милиони евра за поврат на ДДВ. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска брифира дека фирмите поврзани со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов преку фиктивни фактури наплатиле од државата 1,8 милијарди денари, односно 30 милиони евра, во кеш за поврат на ДДВ и уште 455 милиони денари, односно над 7 милиони евра, преку механизмот на даночни ...

Кралот на текстилот Ристо Крмзов е во притворското одделение во Шутка. Неговата одбрана веќе поднесе жалба. Очекуваат да биде ослободен оти струмичкиот бизнисмен изминативе 9 месеци додека бил под мерки на претпазливост - не и наштетил на истрагата. Неговиот адвокат Ване Андреев за Телевизија 24, вели дека обвинувањата на обвинителството се нелогични и смешни. Како е можно УЈП да исплати поврат на ДДВ на фиктивни фирми преку фиктивни фактури - ...

Епски криминал и најголемиот финансиски скандал во Македонија. Обвинителството со тешки обвинувања за кралот на текстилот Ристо Крмзов. Неговите фирми изминативе 5 години преку фиктивни договори како што посочија украле од државата близу 38 милиони евра. Голем дел од парите им легнале на сметка преку незаконски поврат на ДВВ На брифингот со новинарите од Обвинителството за организиран криминал - информира дека се работи за злосторничко ...