На територијата на државата заклучно до 18:30 часот се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, шест се под контрола, а пет се изгаснати. Пожарот кој што попладнево изби на брегот на Преспанското Езеро во близина на село Перово се гаси со еден Ер трактор, а како што посочија од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), наскоро ќе му се приклучи уште еден. Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово ...
Загрижувачка е ситуацијата со пожарите во Албанија, каде има пожари на речиси целата територија, но најкритично е на југот каде се евакуирани жители и туристи. Според надлежните во изминатите 24 часа се регистрирани 45 пожари, од кои 21 се се уште активни, 16 се под мониторинг, а 8 се изгаснати. -Во рамките на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, противпожарен авион „Канадер“ полета од Италија и ќе учествува во воздушни операции за ...