Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс израмнија на 1-1 во четвртфиналната серија против Минесота тимбервулвс, откако доцна синоќа на свој паркет славеа со 94-85. Одлична вечер во дресот на „езерџиите“ имаше Лука Дончиќ на кој му недостасуваше само една асистенција за трипл-дабл. Словенецот мечот го заврши со 31 поен, 12 скока и девет асистенции. Kај поразените Џулиус Рендл постигна 27 поени. До водство од 2-0 во своите серии стигнаа Оклахома сити ...
Составот на Лос Анџелес Лејкерс се избори за победа против Минесота Тимбервулвс од 94:85 во вториот натпревар од четвртфиналната плејоф серија на Западот. „Езерџиите“ беа на сосема друго ниво во однос на првиот натпревар и тоа во дефанзивата и потврда за тоа е што примија дури 32 поени помалку од претходното соочување што се покажа како клучно да дојдат до посакуваниот резултат и израмнат на 1-1 пред битката да се пресели во Минеаполис. Дончиќ ...