Познати се четворицата тенисери кои ќе се борат за трофејот на годинашново издание УС Опен. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз, додека Италијанецот Јаник Синер ќе се соочи со Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим. И двата меча ќе се играат утре (5 септември). Во 2024 година на Грен слемот во Њујорк, Синер го победи Американецот Тејлор Фриц во финалето и стана првиот Италијанец во историјата што го освои УС Опен. ...

Новак Ѓоковиќ го продолжи походот по 25-та титула на Гренд Слем, победувајќи го Тејлор Фриц во четвртфиналето на УС Опен. Со влегувањето во полуфиналето, Ѓоковиќ се изедначи и со легендарниот Џими Конорс по бројот на настапи во полуфиналето (14) во историјата на Грен Слем во Њујорк. Ѓоковиќ, седмиот носител на последниот Грен Слем турнир во годината, ќе се соочи со нов спектакл во полуфиналето, дуел против неговиот голем ривал Карлос Алкараз. ...