Македонскиот првак во футсал Форца со победа ги почна квалификациите во Лигата на шампиони, откако вечерва во Куманово триумфираше над Енкамп од Андора со 4-0 во воведниот натпревар од групата А. Форца до победата пред своите гледачи во спортската сала во Куманово дојде со головите на Берат Рамадани (13), Линарес (31) и Јакуп Рамадани (34, 40). Во првиот натпревар од денешната програма, Мурата од Сан Марино го совлада ерменскиот првак Ереван со ...

Куманово, 27 август 2025 (МИА) – Македонскиот првак Форца денеска пред своите гледачи во Куманово ги стартува квалификациите во Лигата на шампиони во футсал. Форца во воведниот натпревар од групата А вечерва со почеток во 20:30 часот во спортската сала во Куманово ќе го пречека шампионот на Андора, Енкамп. Во истиот термин утре противник на Форца ќе биде Мурата од Сан Марино, додека в сабота, во завршното коло, кумановскиот состав ќе игра против ...