Добивај вести на Viber Пред пратениците пристигна предлог закон за ратификација на договорот со Обединетото Кралство кој неодамна беше потпишан. Предлагач е Владата која посочува дека со законот „се ратификува Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, потпишан во Лондон на 22 мај 2025 година“. ...
Според генералната содржина, не станува збор за ништо стратешко, туку за кредитирање на проектите кои допрва ќе бидат прецизирани од двете страни, вели експретседателот Не е потпишан договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија. Тоа што ни е дадено на увид и што е ратификувано во средата попладне во Собранието не е договор за стратешко партнерство, вели во интервју за „Дојче веле“ поранешниот претседател на државата, Стево ...
При заемите за реализација на инфраструктурните проекти кои ќе произлезат од новиот договор со Обединетото Кралство, државата ќе го користи кредитниот рејтинг на Велика Британија (ААА), а не сопствениот (ББ), што значително ќе ја намали каматната стапка на годишно ниво. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во врска со каматната стапка за заемите кои ќе произлезат од договорот, а според пресметките, таа би ...
Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владите на Македонија и на Обединетото кралство во врска со партнерството за реализација на инфраструктурни проекти доби зелено светло од собраниската Комисија за надворешна политика и се очекува да се најде на дневен ред на 52. пленарна седница. Целта на Договорот, што ќе биде во сила 10 години, е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти во транспортот, ...