ВЛЕН ги дезинформира меѓународните фактори за Охридскиот договор, обвини од Кичево претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Осврнувајќи се наназад, лидерот на интегративците рече дека при составувањето на договорот, поради компромисот што требало да се направи, зборот „Албанци“ бил заменет со „20%“, но според него тоа воопшто не ја загрозува суштината. Според него, албанскиот јазик во Охридскиот договор е службен јазик во сите државни институции. ...

Охридскиот договор повторно стана фронт меѓу Али Ахмети и ВЛЕН, откако лидерот на ДУИ од Кичево обвини дека актуелните албански претставници во власта ги дезинформираат меѓународните фактори за суштината на договорот, за статусот на Албанците и за употребата на албанскиот јазик во Северна Македонија. Ахмети во настапот се врати на политичката тежина на Охридскиот договор, тврдејќи дека токму тој го променил политичкиот и правниот статус на ...