На денешен ден, 13 мај, се навршуваат 21 година од смртта на Паскал Паскалевски, значаен деец за националната слобода на Македонците од егејскиот дел на Македонија, кој се бореше и со македонскиот јазик како оружје против непријателите и нивните пропаганди. Паскалевски остави бележити траги во македонското национално помнење со своето творештво како македонски поет, раскажувач, драмски автор, собирач на македонски народни песни, преведувач, ...
Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска ќе се одржи 29. Меѓународен научен собир на тема „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“, во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“. -Медиумите силно дејствуваат во обликувањето на јазикот на една заедница, а истовремено се и многу влијателен фактор во градењето на културниот, општествениот и политичкиот живот на таа заедница. Медиумските ...