Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години имаше катастрофален почеток на Европското првенство што се одржува во Србија. Нашите јуниори беа декласирани од Литванија со дури 75 разлика во меч во кој примија 137 кошеви (137:62). Избраниците на Андреевски се срушија уште во првиот период кој го загубија со 33:15. Литваниците потоа беа подобри со 26:15, 42:17 и 36:15 што доволно говори за разликата меѓу двете селекции. Победникот имаше ...
Македонските кошаркарски јуниори доживеаја огромен пораз во првото коло во елитната „А“ дивизија на Европското првенство во Белград. Репрезентацијата до 18 години беше совладана од врсниците од Литванија со 75 разлика односно резултат 137-62 во меч од исклучително силната Ц група, каде покрај Литванија се и домаќинот Србија и Грција. Нашите јуниори имаа многу лошо отворање на натпреварот. Литванците брзо поведоа со 7-0, за конечно во третата ...