Денеска беа одиграни два возбудливи натпревари од осминафиналето на Купот на Македонија, кои донесоа големи изненадувања и радост за второлигашките екипи. Во Струмица, Детонит Плачковица славеше минимална победа од 0-1 против Беласица. Херој на тимот од Радовиш беше Иван Галевски, кој во третата минута од натпреварот го постигна единствениот погодок, доволен за пласман во четвртфиналето. Најголемото изненадување сепак го приреди Охрид, која со ...
Екипата на ГФК Охрид Лихнидос убедливо го совлада прволигашот Шкупи со 3:0 и обезбеди пласман во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Стрелци на головите за Охрид беа Антонио Каланоски и Иван Глигоров кој стрелаше два пати. Со оваа победа Охрид ги потврди високите амбиции оваа сезона, а Шкупи ја продлабочи кризата во која се наоѓа клубот од скопски Чаир. Денеска се одигра уште еден натпревар од фудбалскиот Куп во кој Детонит Плачковица на ...