Да беше жив, легендарниот Драган Б. Костиќ денес ќе наполнеше 76 години. Легендарниот радиски и телевизиски новинар е роден на 10 јуни во 1950 година, а во вечноста замина на 20 декември во 2025, по кусо боледување. Целиот свој живот го посвети на радио емисиите „Заборави ако можеш“, „Диско селектор“, а подоцна и „Кавервил“, едуцирајќи многу генерации за добра и квалитетна музика. Многумина со право го нарекуваа музичка енциклопедија. ...
Музичарот Петар Георгиевски – Камиказа сподели емотивна приказна легендарниот Драган Б. Костиќ кој вчера ќе наполнеше 76 години. „Да беше жив Драган Б. Костиќ, денес ќе му го славевме 76 тиот роденден. Вечна ти слава и фала, за сѐ напишано и кажано“, напиша Георгиевски и ги сподели зборовите кои за „Меморија“ ги напишал Костиќ, по еден од нивните концерти. „Во пет и пол минути собрани години на сопственото и заедничкото минато, години на ...

