Од Кичево до граничниот премин Ќафасан, изградбата на пругата треба да започне од нула. Во моментов, во овој регион се работи само на изградба на автопатот Кичево – Охрид. Иако договорот со „Бехтел и Енка“ е за изградба на четири автопатски делници (Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Прилеп – Битола и Требеништа –Ќафасан), последниот не е почнат затоа што неговата изградба е дел од извештајот на УНЕСКО за Охридскиот Регион. УНЕСКО остро се ...
И покрај свежите најави за „големи инфраструктурни подвизи“, ниту постои утврдена траса за нов автопат до Ќафасан, ниту има реална инфраструктура за железница кон Албанија. На терен – нула километри нова пруга од Кичево до границата, а делницата Требеништа–Ќафасан од автопатскиот пакет со „Бехтел и Енка“ не е ни започната. Во најдобар случај, се чекa усогласување со УНЕСКО и нови студии. Во меѓувреме, вицепремиерот и министер за транспорт и ...