Идејата за колачиња направени од рециклирана пластика звучи како заплет од дистописки научно-фантастичен филм. Но, научниците велат дека успеале да создадат токму таков производ како дел од проект финансиран од НАСА, насочен кон хранење на астронаутите на идните долготрајни вселенски мисии. Технологијата користи микроби за да реши два итни проблеми одеднаш: растечкиот проблем со пластичниот отпад и потребата од одржливи извори на храна, ...
Според истражувањето претставено на симпозиум организиран од Американското хемиско здружение, колачињата наречени „µBites“ („микро-залаци“) се резултат на истражувања започнати во рамките на натпреварот на НАСА за храна за длабоката вселена. Во рамките на развиениот метод, пластиката од полиетилен терефталат, како и земјоделскиот отпад, меѓу кој стебленца и листови од пченка, со употреба на кислород и вода, под висока температура и притисок ...

