Македонска државјанка деновиве останала без можност да добие уверение за државјанство поради, како што ѝ било кажано на шалтер во МВР, ограничување на информатичкиот систем. Причината? Нејзиното лично име и двете презимиња заедно содржат 28 букви, додека системот, според објаснувањето што го добила, дозволувал максимум 25. „Не можеме да ви го издадеме документот, предолго ви е името“, рамнодушно ѝ рекле вработените прогласувајќи го случајот ...
„Во врска со Вашето прашање, Ве информираме дека нотираниот технички проблем со обрасците за Уверенија за државјанство е веќе разрешен со значително проширување на бројот на ‘карактери’, така што граѓаните можат без проблем непречено да ја остварат и оваа услуга во рамки на Одделот за управни работи при МВР“, соопштија од Министерството за МКД.мк. Како што претходно објавивме, македонска државјанка остана цел ден без можност да добие уверение ...

