Според косовските медиуми, Дехари одлучил да ја прекине седницата по вербален конфликт со пратеничката на Демократската партија на Косово, Ганимете Муслиу. Следната седница е закажана за петок, 25 јули, во 11 часот. На почетокот на седницата, Дехари ги повика партиите да предложат членови за комисијата за тајно гласање и ги предупреди пратениците дека дебата не е дозволена и дека тие имаат право само да предложат име. Бидејќи пратеничката Муслиу ...

СКОПЈЕ (АА) - Неуспешно беше и 52-то продолжение на конститутивната седница на косовското Собрание, известува Анадолу. Седницата започна со задоцнување од околу 20 минути, а по констатираното дека во салата се присутни 107 пратеници, претседавачот со седницата, Авни Дехари, соопшти дека има кворум за работа. Како и секој пат досега, од почетокот на мај, Дехари рече дека претставниците на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Демократската партија ...