Англискиот репрезентаитвец, Маркус Рашфорд има јасна идеја за тоа каде сака да игра во натпреварувачката 2026/2027. Тој е под договор со Манчестер Јунајтед до 2028 година, но веќе долго време е надвор од „Олд Трафорд“ и тешко дека ќе се врати во таа средина. Имено минатата сезона ја мина на позајмица во Барселона, додека претходно играше како отстапен играч и во Астон Вила што јасно покажува дека приказната со „црвените ѓаволи“ е завршена. ...

Маркус Рашфорд имаше солидна сезона во Барселона и Ханси Флик јавно побара да се направи напор за англискиот репрезентативец, но како што стојат работите, каталонскиот великан сепак нема да ја активира клаузулата која ја има како опција за откуп на договорот. Пред да дојде ред прашањето „Рашфорд“, Барселона како клуб направи голема инвестиција и го купи Антони Гордон за сума од 80 милиони евра, па тоа по се изгледа се покажува како пресуден ...