Привршуваат есенските натпревари во петте трети фудбалски лиги на Македонија. Веќе се познати четирите есенски прваци. Тоа се Еуромилк (Север), Карaорман (Југозапад), Победа од Валандово (Исток) и Камјани од Камењане (Запад). Се уште треба да се одигра последното коло во Третата лига-Југ кога ќе биде познат есенскиот првак. Кандидати се Превалец и Борец, двата тима од Велес. Пред последното коло имаат по 28 бода, но Превалец има подобра ...
Утре ќе биде познато кој ќе биде есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, кога ќе биде одиграно последното есенско коло. По 12 одиграни кола на врвот е Превалец со 28 бодови, а толку има и ланскиот второлигаш Борец. Утре во рамки на 13. коло Превалец ќе има лесна задача на гостувањето кај Дреново во Возарци, имаат фаворит по мерка, но гостинот ќе мора да ја оправда фаворитската улога. Борец на домашен терен ќе биде фаворит ...

