Во напорите за справување со пожарот што беснее помеѓу селата Блаце и Чучер-Сандево, денеска во акцијата за гаснење се вклучи и авион Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Ова е прв лет на Ер тракторот оваа година, а на терен е и полициски хеликоптер Agusta-Bell AB-212AM. Пожарот, кој зафати мешана шума и ниска вегетација, се шири на непристапен ридско-планински терен, што значително ја отежнува интервенцијата од земја. Дел од ...
За пожарот којшто во неделата околу пладне изби покрај магистралниот пат кој од Скопје води кон граничниот премин Блаце, се појавуваат нови индиции дека е подметнат, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Најпрво, на местото на избувнувањето на овој пожар можев да видам дека линијата на огнот е многу широка како за пожар кој би се појавил од фрлен отпушок од цигара. Денеска утрово, додека пожарникарите работеа ...