Утрово, рускиот агресор изврши ново воено злосторство со страотен ракетен напад врз цивилни цели во украинскиот североисточен град Суми, додека луѓето се собираа на неделните црковни служби, при што загинаа најмалку 21 лице, а најмалку 88 се ранети, според првичните извештаи. Две балистички ракети го погодија центарот на градот во време кога многу луѓе беа на улица. Фотографии и видео од местото на настанот покажуваат тела како лежат на улица, ...

Три лица загинаа, а 30 се повредени во Днипро во напад на руски дронови доцна на 16 април, објави Кијив Индипендент, пренесува ЦивилМедиа. „Русите убија млада девојка во Днипро“, изјави гувернерот на Днипропетровската област Серхиј Лисак, додавајќи дека во рускиот напад била убиена и една постара жена. „Ранетите се лекуваат во болниците низ градот“, изјави градоначалникот на Днипро, Борис Филатов. Вкупно пет деца, меѓу кои деветмесечно, ...