Во услови на растечка инфлација и сè поголем притисок на домашниот буџет, најновото зголемување на синдикалната минимална кошничка за април 2025 година за 836 денари на 62.691 денар укажува на сериозни предизвици за македонските домаќинства. Според соопштението на Сојузот на синдикатите на Македонија, најголемата компонента на трошоците останува за храна и пијалоци, што сочинува 34,3% од вкупниот буџет на кошничката. За дополнување на сликата, ...
Дел од маркетите почнаа да ги објавуваат цените на производите на нивните веб страници, нешто што е нивна законска обврска, но поголемиот дел од граѓаните со кои Алсат денес зборуваше велат дека немаат време да пребаруваат на интернет и да споредуваат цените на илјадници производи низ маркетите. Постарите граѓани велат дека дури и не знаат како тоа да го прават. „Не знам да ти кажам, не ги знам тие работи. Голема скапотија е. Скапо – не скапо ...