Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, изјави дека е пресреќен што тимот се закити со титулата во Примера и најави светла иднина за каталонскиот гигант, но замоли да не го споредуваат со Лионел Меси, за кого има длабока и неизмерна почит. Јамал е вистински предводник на тимот иако има само 17 години, а споредбите со Меси вели дека не треба да се прават, затоа што смета дека Аргентинецот е најдобар на сите времиња. „Најубаво е чувството кога ...

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски вчера постигна победнички гол за Хајдук на мечот со Ријека за 2:1, а тренерот на сплиќани по средбата јавно му се извини за то ашто оваа сезона му даваше мала минутажа. „Тој го заслужи ова“, рече тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо, за кого македонскиот напаѓач беше спореден играч во поголемиот дел од сезоната. „Кога го постигна голот, лесно можеше да ме испрати „таму“ со оглед на тоа што не игра ...

Фудбалерите на Хајдук славеа со 2-1 на домашен терен против Риека во дербито на претпоследното коло во хрватскиот шампионат и со тоа ја закомпликуваа борбата за трофејот. Херој за домашниот тим по којзнае кој пат сезонава беше македонскиот репрезентативец Александар Трајковски кој го постигна погодокот за 2-1 во 78. минута. По мечот тренерот на „белите“, Џенаро Гатузо имаше порака за нашиот фудбалер. „Трајковски го заслужи ова. Кога постигна ...