„Роденден е денот што го чекаме цела година…“ – велат стиховите на познатата детска песничка. А токму 21 јануари е денот кога пред извесен број години на овој свет дошла и Антониа Гиговска. На дамите оддамна сме рекле дека не им се бројат годините, освен ако тие самите не си ги „избројат“ откако јавно ќе ги откријат, како во случајов нашата пејачка, која гордо се пофали со својата 25-ка! И разбирливо, кога ти е роденден следуваат грст ...
Македонската поп-пејачка Антониа Гиговска денеска го слави својот 25-ти роденден. Родена на 21 јануари 2001 година во Скопје, Антониа веќе со години важи за едно од најпрепознатливите и највлијателни имиња на домашната, но и регионалната музичка сцена. Нејзината музичка приказна почна уште многу рано, под менторство на професорката Ана Костадиновска, а пошироката јавност ја запозна преку шоуто „Пинкови ѕвездички“, каде во 2015 и 2016 година ...
Антониа Гиговска на 21 јануари го прослави својот 25-ти роденден во еден познат скопски локал, во друштво на семејството и блиските пријатели. Прославата поминала во свечена атмосфера, а вечерта добила особено емотивна димензија благодарение на изненадувањето што го подготвил нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски. Роденденската забава била организирана со внимателно осмислен концепт, при што гостите биле замолени да се облечат во бело, додека ...
Откако дента, среда, 21-ви јануари 2026-та, на својјот 25-ти роденден Антониа Гиговска јавно ги сподели мноштвото честитки на својот Инстаграм, вечерта ја резервира за роденденската прослава. Прославата закажана во еден од најелитните скопски лоунџ барови, отмена, гламурозна, но, само за одбрано друштво во строго ограничена бројка. Меѓу гостите само личните пријатели и блиски соработници на пејачката, со минимално присуство на по некоја јавна ...

