Нема дилеми дека Баерн Минхен оди и по титулата во Купот на Германија. Вечерва во меч од 1/4 финалето, на свој терен, најголемиот германски клуб, гордоста на Баварија, успеа со 2:0 да го победи Лајпциг и со тоа да се пласира во полуфиналето во ова натпреварување. Хари Кејн во 64.минута од пенал а потоа и Луис Диас беа стрелците за тимот на Винсент Компани. Баерн Минхен пред своите фанови доминираше, имаше повеќе шанси, ама дури последната ...

Фудбалерите на Баерн Минхен денеска славеа со 2:0 над Лајпциг и се пласираа меѓу најдобрите четири екипи во Купот на Германија, натпреварување кое не го освоија во претходните пет изданија, од 2020 година. Пред две сезони, тие беа сензационално елиминирани во осминафиналето од третолигашот Сарбрикен, минатата година беа поразени во четвртфиналето од Баер Леверкузен. Тимот на Венсан Компани се движи кон кршење на лоша традиција, откако го ...