Поставивме нови паркинзи за велосипеди и тротинети во Центар. Со ова, ја унапредуваме урбаната инфраструктура, се грижиме за безбедноста на велосипедистите и поттикнуваме одржлив транспорт, информираше денеска преку социјалните мрежи градоначалникот Горан Герасимовски. „Досега доделивме над 584 субвенции за велосипеди, поттикнувајќи поздрави навики и подигнувајќи ја еко-свеста кај нашите сограѓани. Нашиот Центар го правиме попријатно и ...

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека општинските служби поставија нови паркинзи за велосипеди и тротинети на неколку локации низ Центар. Овие нови капацитети се дел од континуираните напори на Општина Центар за унапредување на урбаната инфраструктура и поттикнување на одржлив транспорт. „Новите паркинзи се поставени кај Сквер Јадран, Водно кај маркетот Тинекс, во населбите Крњево и Кале, во Буњаковец кај Зегин, на улицата Рајко ...