Кошаркарите на ЛА лејкерс немаат друг избор освен да победат на претстојниот меч против Минесота тимберволвс, ако сакаат да се одржат во живот во НБА плејофот. Ривалите водат со 3-1 во победи, откако двапати по ред славеа на последните два меча. Но, сега серијата е во Лос Анџелес, па Леброн Џејмс и Лука Дончиќ со соиграчите ќе мораат да одиграат најдобро што умеат, за да „преживеат“ и да ја продолжат сезоната. Квотите велат дека се фаворити, но ...
„Немам одговор“, рече Леброн Џејмс кога беше прашан за неговата играчка иднина, откако неговата 22-ра сезона во НБА лигата заврши во среда со поразот на Лос Анџелес Лејкерс од Минесота Тимбервулвс во првото коло од плејофот. Џејмс потпиша нов, двегодишен договор со Лејкерс во јули минатата година, кој треба да му заработи 100 милиони долари, од кои 52 милиони долари треба да добие во втората сезона, а од него зависи дали ќе ја активира таа ...