АБА-лигата немаше милост кон клубовите и кошаркарите кои направија инциденти на првите полуфинални натпревари од плејофот што беа одиграни во понеделникот. Црногорскиот првак Будуќност е казнет со 40.000 евра и играње на следниот домашен меч пред половина од капацитетот на салата, поради инцидентите што беа направени на првиот дуел со Црвена Звезда. „Црвено-белите“ исто така имаат сериозен проблем, откако Никола Калиниќ беше санкциониран со три ...

И вториот финалист во АБА лигата ќе биде познат по мајсторката, откако вечерва Црвена звезда на домашен терен славеше над Будуќност со 100-81 и со тоа израмни на 1-1. Откако доживеа епски дебакл во првиот натпревар тимот од Белград вечерва на домашен терен одигра многу подобро и на крајот стигна до лесен триумф од 100-81. Филип Петрушев со 20 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Џувон Морган постигна 18 поени. ...