Валентина Базерко, новинар за надворешна политика во Македонско Радио – Радио Скопје. Секој роденден е повод да се потсетиме на важните нешта во нашите животи, на нашите соништа и желби. На денот кога Сонцето најдолго ја грее Земјата и кога најдолго е ден, а најмалку ноќ, можеби и секоја наша желба може да се исполни. Среќа е да се прослави уште еден роденден со уште еден исполнет сон, со уште една исполнета желба. Некогаш и нашите најмали, ...

Гордана Куновска уредник-новинар во Македонска телевизија. Благодарам “Публицитет” на вниманието и убавaта честитка. Како одминуваат годините така и родендените ги пречекувам и прославувам со поголем пиетет, а со помалку помпа и со помало и попрецизно одбрано друштво. Бидејќи не јубилеен, годинава ќе го одбележам само со моите најсакани. Тоа значи со повеќе часови дружење од вообичаено, дружење зачинето со ситници кои ова друштво го радува и ...