Фудбалерите на Шкендија минаа уште една пречка во Првата македонска фудбалска лига и од гостувањето во главниот град се враќаат со голем триумф над Македонија ЃП со 0-1 (0-1). Денешните три бода имаат посебно значење за шампионот, затоа што со истите се израмни со Вардар на лидерската позиција, кој денеска киксираше со Арсими и загуби со 1-0. Првото полувреме на стадионот во Ѓорче Петров започна и заврши со две големи шанси на гостинските ...

Фудбалерите на Шкендија ја искористија големата прилика која им се укажа во 24-тото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Откако стигна веста дека нивниот главен конкурент Вардар е поразен во Гостивар, тетовчани забележаа исклучително важна победа на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 0:1. Со овој триумф, Шкендија сега има 58 бодови и целосно се израмни со Вардар на лидерската позиција на табелата, правејќи ја битката за ...